Британските конзервативци изгубија две стратешки важни изборни единици

Владејачките британски конзервативци денеска загубија две стратешки важни изборни единици, но неочекувано ја задржаа старата изборна единица на Борис Џонсон, што претставува неуспех за главната опозициска Лабуристичка партија. Вонредните избори беа еден од последните изборни тестови пред парламентарните избори следната година и се сметаат за показател за изгледите на двете главни партии. Конзервативците ја задржаа поранешната изборна единица на Џонсон …

Continue Reading

Амстердам ги забрани бродовите за крстарење во градот

Градскиот совет на Амстердам донесе одлука да ги забрани бродовите за крстарење во центарот на главниот град во Холандија. Тоа значи дека средишното пристаниште за крстарење на реката Иј, близу Централната железничка станица во Амстердам, ќе се затвори. Градските власти тврдат дека бродовите за крстарење не се во согласност ни со стремежите за еколошката одржливост во градот. „Бродовите за крстарење …

Continue Reading

Руска воена вежба во Црното Море

Руските сили изведоа воена „вежба“ во северозападниот дел на Црното Море, соопштија утринава локалните власти, додавајќи дека биле истрелани противбродски проектили за соборување на цел во морето. Според руското Министерство за одбрана, бродови на руската Црноморска флота истрелале противбродски крстосувачки ракети „кон брод што бил цел во зоната за борбена обука во северозападниот дел на Црното Море“. Руските власти во …

Continue Reading

„Мекдоналдс“ плати 800.000 долари отштета за изгореница од детски „Хепи мил“

Судот на Флорида (САД) пресуди дека „Мекдоналдс“ мора на осумгодишно девојче да му плати отштета од 800.000 долари, откако таа се здобила со тешки изгореници кога парче пилешко од посебниот „Хепи мил“ (среќен оброк) ѝ паднало на ногата. Несреќата се случила 2019 година, кога тогаш четиригодишната Оливија Карабало го отворила својот оброк во автомобил во возење. Нејзиното семејство бараше отштета …

Continue Reading

Јужна Кореја: Нуклеарен напад би значел „крај“ за режимот во Пјонгјанг

Ако Северна Кореја нападне со нуклеарно оружје, ќе мора да се пресмета со „крајот“ на нејзиниот режим, предупреди денеска јужнокорејското Министерство за одбрана. Сеул го издаде предупредувањето како одговор на изјавите на Пјонгјанг за можен нуклеарен конфликт, јави јужнокорејската новинска агенција Јонхап, пренесе ДПА. Ќе има „непосреден, огромен и решителен одговор од алијансата“ доколку Северна Кореја нападне со нуклеарно оружје, …

Continue Reading

МААЕ се уште нема пристап до покривот на нуклеарката во Запорожје

Експертите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) и натаму чекаат да добијат пристап до покривот на нуклеарната централа во Запорожје, што е заземена од руските сили, јави ДПА. Специјалистите на МАЕЕ претходно неделава извршија дополнителни инспекции на централата и открија дека „нема видливи индикации за експлозиви или мини“, се наведува во извештајот на МААЕ објавен вчера, додава германската агенција. …

Continue Reading

Зеленски ја повика владата да ги ограничи трошоците за проекти и предизвика оставка од министерот за култура

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја повика владата да ги ограничи трошоците за време на војната, што доведе до оставка на министерот за култура, кој поддржа неколку скапи проекти, јавија британските меидуми. -За време на ваква војна, вниманието на државата и државните ресурси одат на одбраната, кажа Зеленски во редовното ноќно видео обраќање до сонародниците, коментирајќи го разговорот со премиерот Денис …

Continue Reading

„Цунами“ на десницата во Европа

Низ Европа, национал-конзервативните партии победија на неодамнешните избори, додека нивната популарност во анкетите се зголемува. Незадоволните гласачи им приоѓаат во голем број, а некои либерални набљудувачи веќе зборуваат за „цунами на десницата“ во Европа. Со години, естаблишментот се обидуваше да ги спречи десничарските партии да дојдат на власт – работите сега се менуваат, пишува германскиот новинар Дитер Штајн во едиторијал …

Continue Reading

Во Скопје казнети 213 возачи, 111 за брзо возење

На територија на Скопје вчера во сообраќајна контрола полицијата казнила 213 возачи, од кои 111 за возење со брзина поголема од  дозволената. Како што информира МВР, девет санкции се изречени за возење без возачка дозвола, 10 за прекршоци од  возачи на мотоцикл. -Изречени се десет мерки за користење мобилен телефон при возење и пет санкции за минување на затворен сигнал …

Continue Reading