Приведен криумчар на мигранти од Сирија

Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север вчера во 13:50 часот на влезот од село Четирце, кумановско го лишиле од слобода Б.З.(26) од Скопје. Како што информира МВР, тој бил затекнат како со патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, врши превоз на шест лица мигранти од Сирија, од кои …

Continue Reading

Командата на ОН во комуникација со Северна Кореја во врска со приведениот американски војник

Заменик-командантот на командата на ОН денеска соопшти дека се започнати разговори со Северна Кореја во врска со случајот со американскиот војник кој минатата недела влезе во Северна Кореја преку силно вооружената граница меѓу двете Кореи. Генералот Ендру Харисон рече дека процесот започнал преку линијата на комуникација воспоставена според договорот за примирје што ги прекина борбите во Корејската војна од 1950 …

Continue Reading

Јавниот долг на еврозоната во првиот квартал изнесува 91,2 отсто од БДП

Јавниот долг на еврозоната на крајот на првиот квартал изнесувал 91,2 отсто од БДП, а јавниот долг на ЕУ 83,7 отсто од БДП, се наведува во најновиот извештај на Евростат. Споредено со последниот квартал од минатата година, јавниот долг е намален и во еврозоната и во ЕУ, бидејќи тогаш изнесувал 91,4 отсто и 83,8 отсто од БДП. Јавниот долг е …

Continue Reading

Македонскиот стрип присутен во Рашка, Србија

Од 24 .07 (понеделник ) до 24.07 (петок) ќе се одржи  единаесетата   по ред меѓународна стрип-колонија „Рашка“, во туристичкиот комплекс во с. Семетеш, Србија (недалеку од Рашка) Продолжувајќи ја повеќе годишната успешна соработка помеѓу Стрип-центарот на Македонија со седиште во Велес и Клубот на ликовни уметници „Рашка школа“, Канцеларијата за млади и центарот за култура „Градац“ од Рашка, и на …

Continue Reading

Фон дер Лајен: Со градење силни и трајни партнерства, предизвиците да ги претвориме во можности

Се соочуваме со многу предизвици, но сакаме и можеме да ги претвориме во можности и тоа ќе да го направиме со градење силни и трајни партнерства, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на обраќањето на Меѓународната конференција за развој и миграција во Рим. – Се соочуваме во многу специфични времиња. Се соочуваме со драматичната реалност на климатските …

Continue Reading

Водата во Скопје безбедна за пиење

Примероци од вода, земени на 48 мерни места во Скопје одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, информира ЈП Водовод и Канализација – Скопје, соопштувајќи ги резултатите од неделниот извештај за анализа на водата за пиење. Од 17 до 21 јули биле земени 197 примероци за физичко-хемиска и 197 примероци за микробиолошка анализа на …

Continue Reading

Крстевска: Преку поттикнување на штедењето до стабилизација на инфлацијата

Централните банки ширум светот се во фаза на водење затегната монетарна политика, за справување со притисоците врз инфлацијата и инфлациските очекувања. Намалената или одложена потрошувачка во периоди на зголемени каматни стапки, при истовремено поттикнување на штедењето, придонесува за враќање на ценовната стабилност на долг рок, што е од клучно значење за животниот стандард на населението. Во моментов, инфлацијата во глобални …

Continue Reading

Рекорден број патници на пристаништето Драч

Рекорден број патници е регистриран за време на изминатиот викенд на најголемото албанско пристаниште Драч. Премиерот Еди Рама денеска сподели фотографија од пристаништето на Јадранот, притоа информирајќи дека „Пристаништето Драч викендов пречека над 11 илјади патници“. Високиот проток на патници кон Албанија ја натера Капетанијата на пристаништата во Драч да ги зголеми релациите на траектите, а истовремено и шалтерите за …

Continue Reading

Една жртва во сообраќајка близу Битола, во прекин сообраќајот на регионалниот пат Прилеп – Ресен

Во тешка сообраќајна несреќа што утрово се случила меѓу патничко возило и камион близу Битола, кај местото викано „Кукречанска раскрсница“, има жртва. Сообраќајот на регионалниот патен правец Прилеп – Ресен е во прекин, потврдија од СВР-Битола. Се очекува во текот на денот детална информација за причините за тешката сообраќајна несреќа.

Continue Reading