Рокот за поднесување даночни пријави ДДВ-04 продолжен за еден ден поради технички проблеми

Наместо денеска, до утре (26 јули) е крајниот рок за поднесување на даночните пријави ДДВ-04 за даночните периоди 1 април 2023 – 30 јуни 2023 и за 1 јуни 2023 – 30 јуни 2023  од месечните и тримесечните обврзници за ДДВ. Управата за јавни приходи соопшти дека дополнителниот рок од еден работен ден е поради отежнато функционирање на системите во …

Continue Reading

Апасиев: Никогаш нема да има уставни измени

Пратеникот и претседателот на Левица, Димитар Апасиев денеска на Комисијата за уставни прашања изјави дека никогаш нема да има уставни измени. -Никогаш нема да има уставни измени. Ова ќе биде нашето единствено излагање по предлогот, затоа што сметаме дека материјална расправа е безвредна, бидејќи вие премиере ја направивте сметката без крчмар, влеговте во процесот вртоглаво без да обезбедите двотретинско мнозинство. …

Continue Reading

Мицкоски: Нема потреба од декларација за Илинден, ако е заштитен идентитетот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска коментирајќи ја најавената декларација на СДСМ за Илинден, праша зошто има потреба од ваква декларација, ако е заштитен идентитетот. – Зошто наеднаш после неколку месеци, се јави желба кај оние кои тврдат дека го заштитиле идентитетот на државата, а во суштина го уништиле, да предложат една ваква резолуција,рече Мицкоски од Битола, одговорајќи на новинарски …

Continue Reading

Спасени 84 мигранти од брод во близина на Гран Канарија, еден загинал

Шпанската поморска спасувачка служба денеска соопшти дека спасила 84 мигранти од субсахарска Африка, кои биле во чамец во близина на островот Гран Канарија. Еден мигрант загинал, а осум други меѓу кои и една жена, се пренесени во болница. Во моментот на спасувањето, чамецот бил на околу 15 километри од Гран Канарија, а мигрантите биле однесени во пристаништето Аргинегин околу пет …

Continue Reading

Мицевски: Уставните измени се директно кршење на суверенитетот на една земја

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски во име на 44 пратеници на опозициската партија го изнесе ставот против уставните измени. Како што беше најавено, тие гласа и против дневниот ред на седницата на Комисијата за уставни прашања. Мицевски повтори дека тие не прифаќаат уставни измени под диктат, притисок и наметнувања и оти тие никогаш нема да ги поддржат, …

Continue Reading

Гундоган именуваше двајца играчи кои ја заслужуваат Златната топка во 2023 година

Новиот играч на Барселона, Илкај Гундоган откри кој според него треба да ја освои Златната топка во 2023 година. -Трофејот треба да му припадне на Лионел Меси или на Ерлинг Халанд. Не гледам никој во нивна конкуренција. Драго ми е што не е јас да одлучувам, но и двајцата го заслужуваат тоа“, го цитира „Мундо Депортиво“ Гундоган. Триесет и двегодишниот …

Continue Reading

Бесими и Штериев симболично го означија стартот на тргувањето со граѓанската обврзница преку Берзата

Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска во Македонската берза заедно со извршниот директор Иван Штерив симболично, со заѕвонувње на ѕвоното, го означија стартот на тргувањето со граѓанската обврзница. Првта емисијата на граѓанска обврзница беше издадена во текот на овој месец, при што на аукцијата одржана на 13 јули беа запишани вкупно 1 448 030 000 денари. -Граѓаните кои учествуваа на …

Continue Reading

Во Овчеполскиот регион почна наводнувањето на земјоделските површини согласно спогодбата

Вода за наводнување од Хидросистемот „Брегалница“ пристигна до селото Црнилиште во Општина Свети Николе. Директорот на Водостопанство „Брегалница“ Благојчо Богатинов за МИА вели дека информациите од терен се оти земјоделците во овие села веќе можат да ги наводнуваат своите ниви со  пченка, детелина, лозја, градинарски култури. Посочи дека водата ќе пристигне и во селата во Општина Лозово, каде што со …

Continue Reading

Невреме во Словенија, најголеми штети во западниот дел на земјата и во Цеље и околината

Во уште една серија невреме што синоќа и изутрината ја зафати Словенија, најпогодени се западниот дел на земјата и градот Цеље и околината на исток. Струја нема во некои делови на Западна Приморска и Источна Штаерска, пренесува СТА. На подрачјето на Словенска Бистрица и Птуј изутрината без струја останаа околу 1.800 корисници, соопшти компанијата Електро Марибор. Единицата за цивилна заштита …

Continue Reading