Над 30 пациенти во земјава живеат со механичка потпора на срцето, расте свеста за органодарителството

– Мала машина во срцето приклучена на батерии или живот на батерии. Вака  Боре Минов, член на Здружението „Храбро срце“ во видео разговор за МИА го опишува животот на повеќе од 30 пациенти со механичка потпора на срцето. Најмалиот пациент е неколкумесечно бебе. Овие пациенти немаат едноставен живот. Секоја недела имаат преврски, проверка на електрониката, контроли и еден куп лекарства. …

Continue Reading

Промовирани книгите „Виножито во квечерина” и „Простување” од Гордана Кароловска

 Две нови книги од роднокрајната авторка Гордана Кароловска, насловени „Виножито во квечерина” и „Простување” беа промовирани синоќа во градската библиотека „Феткин” во Кавадарци. Директорот на библиотеката, Петар Гурев појасни дека станува збор за поетско дело и роман. Претходната директорка на библиотеката, Весна Гркова рече дека авторката е дипломиран економист, која има напишано повеќе дела, активен учесник на литературни манифестации и …

Continue Reading

Изречени 198 сообраќајни прекршоци во Скопје, 57 за брзо возење

– Секторот за внатрешни работи Скопје вчера на територија на град Скопје изрече 198 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 57 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за возење под дејство на алкохол, соопшти Министерството за внатрешни работи. Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон при возење, осум за непрописно престројување, три санкции …

Continue Reading

Продолжен притворот на таткото на момчето кое изврши масовно убиство во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград

–  На предлог на Вишото јавно обвинителство во Белград, суд во Белград му го продолжи притворот за уште 30 дена на Владимир К., татко на 13-годишното момче К.К., кој на 3 мај уби десет и рани шест лица во основното училиште „Владислав Рибникар“ во главниот град на Србија. Притворот е продолжен поради посебни околности кои укажуваат дека обвинетиот во случај да …

Continue Reading

Бесплатни филмови за време на ЕУ зелена недела

 – Проектот Младинско кино на ЕУ: Зелен договор, финансиран од Европската Унија, уште еднаш се обврза на одржлива Европа и ги претставува релевантните цели на европскиот Зелен договор во филмски контекст. Не е случајно што новиот фокус GREEN FILMS @AUSTRIA почна за време на Зелената недела на ЕУ. Овој годишен настан, како што соопштија носителите на проектот, е можност да се …

Continue Reading

За Париз проширувањето на ЕУ би било – „мала револуција“

– Проширувањето на Европската унија во Украина, а можеби и на десетина земји, „е мала револуција“, изјави денеска за радио Европа 1, француската државна секретарка за европска политика. „Главното прашање не е дали треба да се прошири и кога (…) Главното прашање е како“, рече Лоренс Бун по враќањето од Молдавија, каде заедно со претседателот Емануел Макрон учествуваше на самитот на …

Continue Reading

Масовно прославен успехот на Севиља во Лига Европа

 – Десетици илјади навивачи на фудбалскиот клуб Севиља, предводени од градоначалникот Антонио Муњоз, излегоа вчера вечер на улиците на овој град на југот на Шпанија да го прослават освојувањето на трофејот во Лига Европа. Севиља во средата во финалето одиграно во Будимпешта ја совлада Рома по подобро изведување пенали и по рекорден седми пат триумфираа во второто по ранг европско клупско …

Continue Reading

Во Грција згрижени околу 1.800 деца бегалци без придружба

– Според процените на Министерството за миграција и азил на Грција, во земјата се згрижени 1.818 деца бегалци без придружба, заклучно со 1 јуни, јави дописничката на МИА од Атина. Од децата, осум отсто се помали од 14 години, 83 проценти се момчиња, а 17 отсто девојчиња. Поголемиот дел од децата, 1.500 се сместени во специјалните центри за згрижување на …

Continue Reading

Американскиот воен дрон контролиран од ВИ убил оператор за време на симулација

 –  Американски воен дрон контролиран од вештачка интелигенција го убил својот оператор на симулиран тест за да го спречи да се меша во напорите за постигнување на својата мисија. Ниту еден човек не беше повреден во тестот, но вештачката интелигенција користеше „многу неочекувани стратегии“ за да ја исполни својата мисија и ги нападна сите што се мешаа, објави „Гардијан“. Вештачката интелигенција …

Continue Reading