Пригожин го запре напредувањето на борците од Вагнер кон Москва и нареди враќање во базите

– Основачот на платеничката група Вагнер, Евгениј Пригожин, се согласи да ја деескалира ситуацијата во Русија, соопшти кабинетот на белорускиот претседател. Во соопштението, објавено на официјалниот канал на белоруското претседателство на Телеграм, се вели дека шефот на платеничката група Вагнер се согласил да го запре натамошното движење на неговите борци низ Русија. На маса е и договор за гарантирање на безбедноста …

Continue Reading

Конвојот на Вагнер кој се движи кон Москва има околу 5.000 борци

– Конвојот на паравоената група „Вагнер“, што се приближува до Москва, има околу 5.000 борци јавија западни медиуми  повикувајќи се на неименуван извор близок до властите во Доњецк. Според неговите зборови, конвојот е предводен од командантот Дмитриј Уткин и планираат да заземат позиции во добро населени места. Изворот тврди дека паравоената група има вкупно помалку од 25.000 борци, додека околу …

Continue Reading

Бајден имаше серија телефонски разговори со западни лидери за кризата во Русија

– Американскиот претседател Џо Бајден денеска разговараше за кризата во Русија со челниците на Франција, Германија и Велика Британија, потврдувајќи ја цврстата поддршка на сојузниците за Украина. Според соопштението од Белата куќа, Бајден телефонски разговарал со францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и премиерот на Велика Британија Риши Сунак за „ситуацијата во Русија“. Лидерите „ја потврдија својата непоколеблива …

Continue Reading

Зајакнати безбедносни мерки во голем број руски региони, откажани јавни настани и матури

– Безбедносните мерки во голем број руски региони се зајакнати во обидот на руските власти да спречат вооружен бунт, предводен од шефот на паравоената организација „Вагнер“ Евгениј Пригожин. Мерките за безбедност се особено зајакнати во областите меѓу јужниот град Ростов на Дон и Москва. Безбедносните мерки се зајакнати на голем број влезови во Москва на Московската обиколница, а поставен е …

Continue Reading

Медведев предупреди дека рускиот нуклеарен арсенал може да падне во рацете на Вагнер

– Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, денеска предупреди дека успешен бунт на паравоената група Вагнер ќе значи дека тие ќе дојдат во посед на рускиот нуклеарен арсенал и ќе станат егзистенцијална закана за целиот свет. „Историјата на човештвото сè уште не го видела најголемиот арсенал на нуклеарно оружје под контрола на бандити, таквата криза нема да …

Continue Reading

Граѓаните на Охрид имаат рок до 30 јуни да пријават штети настанати од денешното невреме

 – Општина Охрид објави информација до граѓаните дека штетите врз нивниот имот настанати како последица на денешното невреме може да ги пријават до 30 овој месец. Од локалната власт појаснуваат дека барањата за пријава на штети граѓаните можат да ги подигаат во архивата на Општина Охрид, а кон барањето за обештетување задолжително се приложува имотен лист и лична карта. Според …

Continue Reading

Час и половина се чека на граничниот премин „Богородица“, а еден час на Дојран за влез во Грција

– Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин „Богородица”, времето на чекање за излез од државата изнесува околу час и половина, додека на граничниот премин „Дојран”, времето на чекање за излез од државата изнесува околу еден час, информираат од АМСМ. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез …

Continue Reading

Групата „Вагнер“ блокирана на социјални мрежи во Русија

– Групата Вагнер е блокирана на социјалната мрежа ВКонтакте на барање на Роскомнадзор, пренесе ТАСС. „Овој материјал е блокиран на барање на Роскомнадзор врз основа на одлуката на Генералното обвинителство на Руската Федерација“, соопшти руската федерална служба за надзор во областа на информатичките технологии и масовните комуникации. Во меѓувреме, каналот АСТРА на Телеграм објави дека страниците на Пригожин „РИА ФАН“, …

Continue Reading

Џастин Клајверт потпиша за Борнмут

– Холандскиот крилен напаѓач Џастин Клајверт (24) ја напушти Рома и кариерата ќе ја продолжи во редовите на англискиот фудбалски прволигаш Борнмут. Англиските медиуми јавија дека Борнмут ќе плати обесштетување од 12.2 милиони долари за синот на поранешниот холандски репрезентативец Патрик Клајверт. Клајверт од 2018 година беше член на Рома, но последните три сезони ги мина како позајмен фудбалер во …

Continue Reading