Во „Македониумот“ во Крушево презентиран „Керамикум во мермер“ на уметникот Емил Солески

– Во „Македониумот“ во Крушево синоќа беше претставен мултимедијалниот проект „Керамикум во мермер“ на прилепскиот уметник Емил Солески. Проектот е во рамките на Крушево – град на културата за 2023 година. Проектот опфаќа изложба, проекција и амбиентално претставување на уметничкиот израз на Солески. -Мултимедијалниот проект ја опфаќа проекцијата на уметничко-документарниот филм „Желбеник“ сниман на пет неолитски локалитети низ Македонија. Ги …

Continue Reading

СДСМ: Во која фиока се случаите за Белата палата, Делчевски ниви, Моќник

Со денови ДПМНЕ ги прозива судските институции но никако да праша во која фиока и до каде се случаите за Белата палата, Делчевски ниви и Моќник. ДПМНЕ е партија со криминално стекнат имот врз грбот на граѓаните, нелегална Бела палата којашто е конфискувана, и со почесен претседател на црната листа на САД. ДПМНЕ е партија со бројни судски пресуди за …

Continue Reading

Српскиот репрезентативец Борзаш нов ракометар на Еурофарм Пелистер

– Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер ги засили своите редови за новата сезона со српскиот репрезентативец Урош Борзаш со кого потпиша договор на две години. Борзаш, како што соопшти синоќа битолскиот клуб, доаѓа во редовите на Еурофарм Пелистер од Норвешка, каде изминатите две сезони го носеше дресот на Елверум и настапуваше во Лигата на шампиони. Претходно во кариерата 23-српскиот репрезентативец …

Continue Reading

Без вода високите зони на Бул. Јане Сандански од бр. 83 до 113

– Прекинато водоснабдување до санирање на дефект денеска имаат жителите од високите зони на булеварот Јане Сандански бр.83 до бр. 113, во скопската општина Аеродром. Како што известуваат од ЈП Водовод и канализација денесака поради уличен дефект ф 100 мм на Бул.Јане Сандански 83, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Бул.Јане Сандански од бр.83 до бр.113, висока зона, од 10:10 …

Continue Reading

Пригожин и„вагнеровци“ го напуштија Ростов на Дон и регионот на Воронеж

 – Шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин ги предводеше своите платеници во изведувањето надвор од јужниот руски град Ростов-на-Дон, откако синоќа постигна договор за ставање крај на краткотрајниот вооружен бунт. Ситуацијата околу штабот на Јужниот воен округ на руската армија во Ростов на Дон утринава е мирна и сообраќајот е обновен, јавија руските медиуми. На фотографиите на повеќе светски агенции и …

Continue Reading

СДСМ: Одлуката за ЕУ е одлука за иднината, ВМРО – ДПМНЕ да покаже државничко однесување

ДПМНЕ нема поддржано ниту една важна стратешка одлука, важна за државата, досега. ДПМНЕ не го поддржа членството во НАТО, беше против Договорот од Преспа, против продолжувањето на преговорите со ЕУ а не гласаа ниту за договорот ФРОНТЕКС. ДПМНЕ заедно со Левица застана и против одлуката на германскиот Бундестаг за поддршка на членството во ЕУ и признание за македонскиот идентитет. Сега …

Continue Reading

Поплавени куќи по синоќешниот дожд во Куманово

– Регионалниот ЦУК Куманово известува дека по силниот пороен дожд што го зафати градот Куманово, во вечерните часови, а поради неможноста атмосферската канализација да ги прифати големите количества вода, дошло до поплавување на куќи. Екипите од ТППЕ Куманово биле излезени на терен за испумпување на вода во село Черкезе. ЈП „Водовод“, била на ул. Никола Вапцаров каде што известува дека …

Continue Reading

СВР Битола изрече 24 санкции за возење под дејство на алкохол

– Во периодот од 22.00 до 04.00 часот синоќа на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 24 возачи, а изречени се и 28 други видови прекршоци. Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила.

Continue Reading

Лавров: Русија ја задржува контролата врз нуклеарното оружје распоредено во Белорусија

– Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, изјави дека неговата земја ја задржува контролата врз тактичкото нуклеарно оружје што ќе биде распоредено во Белорусија, во согласност со меѓународните обврски. -Ова распоредување на нуклеарно оружје на ниту еден начин не прекршува какви било меѓународни обврски на Белорусија или на Руската Федерација, вклучително и обврските од Договорот за неширење на нуклеарно оружје, …

Continue Reading