Николов: Владата ќе плаќа казни за неизграден Клинички центар

Владата и министерството за здравство прават се друго, освен да се грижат за здравјето на граѓаните. Како тргнале, Владата на СДСМ и ДУИ веројатно ќе биде единствена во свет, која што ќе плаќа казни за неизграден Клинички центар. Иако имаа полни усти транспарентност, денес единствено се занимаат со спроведување на лични и партиски интереси. За најголемата стратешка грешка во здравството, …

Continue Reading

Каевски: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

Случајот со спомениците од Скопје 2014 е последен во низата судски предмети кои покажуваат дека ДПМНЕ не е ништо друго освен криминална партија. Никола Груевски, Зоран Ставрески, Елизабета Канческа – Милеска, Виолета Аларова, Владимир Тодоровиќ се само дел од лицата обвинети во последниот судски предмет „Феникс“. Овие лица преку мега криминалниот проект Скопје 2014 се товарат дека проневериле околу 16 …

Continue Reading

ОЈО Скопје отвори истрага за багеристот кој усмрти жена на пешачки во Скопје

– Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило – тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, според член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. – Осомничениот 42-годишник од Скопје вчера на улицата „Јордан Мијалков“ во Скопје, управувал мобилна …

Continue Reading

Руски гранати погодија станбена зграда во Херсон, неколку лица повредени

– Руски гранати погодиле станбена област во Херсон и раниле неколку лица, објави регионалната воена администрација, јавуваат украински медиуми. Зафатена е станбена зграда, аптека и ресторан. Меѓу жртвите има и 50-годишен маж. Наводно, во близина на Херсон се водат жестоки борби, но официјална потврда нема.

Continue Reading

Османи: Компетенции да зборуваат за внатрешни прашања во ДУИ, имаат само резапишаните

– Компетенции да зборуваат за внатре партиски прашања, имаат само тие, коишто се регистрирале како членови на ДУИ, одговори денеска министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ, Бујар Османи. Прашан дали очекува изборите во партијата да го решат проблемот што постоел со Огнената група,Османи на денешната прес-конференција во МНР, рече дека имало процес на ререгистрирање на членството. – Членството се …

Continue Reading

Полицијата во Балтимор: Двајца убиени и 30 повредени во престрелката

– Две лица загинаа, а уште 30 се ранети, од кои тројца се во критична состојба, во престрелка во американскиот град Балтимор, потврди полицискиот комесар во Балтимор Ричард Ворли на прес-конференција на местото на настанот. Претходно, порталот „BNO News“ објави дека масовното пукање наводно се случило нешто по полноќ по локално време на забава на која присуствувале повеќе од 100 …

Continue Reading

„Виенер цајтунг“ го отпечати своето последно дневно издание

– Еден од најстарите весници во светот „Виенер цајтунг“ го отпечати своето последно дневно издание, по речиси 320 години од излегувањето на првиот број. Дневниот весник со седиште во Виена, повеќе нема да печати дневни изданија, откако неодамна беше променет законот и тој престана да биде профитабилен како печатен производ. Законот, кој беше усвоен во април од коалициската влада на …

Continue Reading

Османи: Губам надеж дека сами ќе можеме да го поправиме судството

– Губам надеж дека сами ќе можеме да го поправиме судството. Единствена надеж гледам во отворање на Поглавјата 23 и 24 и вклучување на механизмите на Европската Унија во тој дел, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи. Прашан за ставот на американскиот Стејт департмент за политичко мешање во правосудството, Османи нагласи дека уште еднаш, прашањето на отворање на поглавја станува …

Continue Reading

Приведен гостиварец баран со потерница

– Вчера утрото во 10.25 часот на ул. „Борче Јованоски“ во Гостивар, по претходно издадена судска наредба од Основен суд Гостивар, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Џ.Р.(43) од Гостивар, кој бил баран со потерница за издржување на казна затвор во Казнено поправна установа Затвор Тетово-Тетово. Како што информираат денеска од МВР, лицето е спроведено до Казнено поправната установа.

Continue Reading