„Храбро срце“ упати благодарност до семејството на донорот и медицинскиот персонал и апел за логистичка поддршка од државата

– Националното Здружение на пациенти со механичка потпора на работата на срцето и нивни поддржувачи „Храбро срце“ изрази благодарност до семејството на починатиот пациент, чии органи ќе спасат четири животи и до медицинскиот персонал, но упати и апел за логистичка поддршка од државата. Првпат во историјата на македонското здравство денеска од еден дарител беа експлантирани четири органи во еден акт. …

Continue Reading

Ирак ја суспендираше лиценцата на шведскиот телекомуникациски гигант Ериксон

– Ирачките власти соопштија дека ја суспендирале лиценцата на шведскиот производител на телекомуникациска опрема Ериксон, откако Стокхолм дозволил да се одржи протест на кој требаше да се запали Куранот. Претседателот на Управата за медиуми и телекомуникации Али Ал-Муајад „ја суспендираше лиценцата за работа на шведската компанија Ериксон на територијата на Ирак“, се вели во соопштението пренесено од државната новинска агенција …

Continue Reading

Реакција од ДИК на наводите изнесени од ДКСК, во врска со набавката на фингерпринт апаратите

Во прилог ви испраќаме Реакција на наводите изнесени во јавноста од страна на ДКСК, а во врска со набавката на фингерпринт апаратите и нивната иницијатива за поведување на постапка за кривично гонење. Реакцијата е во прилог. Реакција: Државната изборна комисија во целост ги отфрла како неточни и невистинити сите наводи кои излегоа во јавноста од иницијативата на Државната комисија за …

Continue Reading

Прилеп нема проблеми со водоснабдувањето во жештините

 – Во големите жештини, Прилеп нема проблеми со водоснабдувањето иако потрошувачката е зголемена за 40 проценти. Вода има доволно и е стабилна дарежливоста на изворот Студенчица. Во функција се и сопствените извори. – Зголемена е потрошувачката. Особено во викендите. Во моментов градот располага со 337 литри вода во секунда. Стабилен е дотокот на вода. Ние, сепак, мора да бидеме подготвени …

Continue Reading

Внимателно ги следиме активностите за случајот Иловица, вели Агелер

– Внимателно ги следиме активностите околу случајот Иловица. На правосудството е да им објасни на луѓето како и зошто некои работи се случуваат, порача американската амбасадорка, Анџела Агелер на денешната прес-конференција во Амбасадата во Скопје прашана во врска со концесијата за рудникот Иловица во Струмичко. -Не знам многу, освен она што го прочитав од вашите пишувања за овој случај и …

Continue Reading

Одлуките на САД се базираат на информации собрани во земјава, не во Вашингтон, што понатаму останува на надлежните тука, вели Агелер

– Американската амбасада не може да и кажува на која било институција во земјава што треба да презема, но ние бевме способни да најдеме значителни и важни докази за овие поединци да ги повикаме на одговорност и бевме способни тие информации да ги најдеме и собереме тука во оваа земја. Ова не се базира на информации собрани во Вашингтон, тие …

Continue Reading

Азески: Нашите аргументи за Предлог-законот за данок на солидарност држат, ќе ги искористиме сите можности

– Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески денеска повторно порача дека Комората ќе ги искористи сите средства што и стојат на располагање за да го спречи донесувањето на Предлог-законот за данок на солидарност. -Ќе одиме до крај зашто мислиме дека нашите аргументи се издржани и ќе ги искористиме сите средства во Парламентот, кај претседателот на државата и кај Уставниот суд, …

Continue Reading

САД со остра осуда за нападот врз шведската амбасада во Багдад

 – САД остро го осудија нападот на демонстрантите врз шведската амбасада во Багдад и нагласија дека е „неприфатливо“ што ирачките безбедносни сили направиле малку за да ја заштитат мисијата. – САД силно го осудуваат нападот врз шведската амбасада во Багдад во раните утрински часови на 20 јули, изјави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер. „Неприфатливо е ирачките безбедносни сили да не …

Continue Reading

Состанок на Секторската работна група за локален и регионален развој

 – Подобрување на системот на локалната самоуправа и воедначување на пристапот до услугите на локално ниво преку порамномерен развој на општините и на планските региони била темата на состанокот на  Секторската работна група за локален и регионален развој што се одржа денеска во организација на Министерството за локална самоуправа, Секретаријатот за европски прашања и Делегацијата на Европската Унија. Како што …

Continue Reading