Украинскиот Парламент ја продолжи вонредната состојба

– Парламентот на Украина со големо мнозинство гласаше за продолжување на вонредната состојба во земјата за уште 90 дена, со што практично се отфрли можноста за одржување избори кои требаше да се одржат во октомври. Вонредната состојба е во сила од 24 февруари минатата година, денот кога Русија ја почна својата инвазија. Денешното продолжување значи дека сега ќе трае најмалку …

Continue Reading

Границите меѓу ЕУ и Белорусија ќе бидат затворени во случај на инциденти со Вагнер

– Полска, Литванија и Летонија би можеле да донесат заедничка одлука за затворање на границите со Белорусија доколку има сериозни инциденти поврзани со руската паравоена група „Вагнер“ долж нивните граници. Ова денеска го најави полскиот министер за внатрешни работи Мариуш Камински. – Доколку има сериозни инциденти со групата „Вагнер“ на границите на земјите од НАТО и Европската унија, како Полска, …

Continue Reading

Адвокатите на Трамп известени дека треба да очекуваат обвинение против него

 – Федералните обвинители денеска ги информираа адвокатите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп дека треба да очекуваат обвинение за нивниот клиент како дел од истрагата за обидите да се поништи неговиот пораз на изборите во 2020 година, јавија американските медиуми. Адвокатите Тод Блумш и Џон Лор денеска беа примени од официјални лица во канцеларијата на специјалниот обвинител Џон Смит, јавија …

Continue Reading

Почина композиторот Кире Костов

 – По подолго боледување, на 73-годишна возраст во Скопје почина композиторот и диригент Кире Костов. Беше долгогодишен член на Сојузот на композитори на Македонија. Смртта на Кире Костов ја потврдија од неговото семејство, а објави и СОКОМ. Кире Костов е роден во 1949 година во Битола. Средно музичко училиште завршил во Битола. Уште во тој период активно учествувал во културно-забавното …

Continue Reading

Крај холандскиот брег сè уште гори товарниот брод, мал е ризикот од излевање нафта

– Товарниот брод „Автопат Фремантел“ денеска сè уште гори крај холандскиот брег, но владин претставник рече дека ризикот од излевање нафта засега е мал, јави ДПА. Опкружен со шлепери и пожарникарски чамци, со авион на крајбрежната стража што повремено кружи над него, бродот под знамето на Панама беше на пат од Бремерхавен кон Сингапур кога избувна пожар во раните утрински …

Continue Reading

Реакција од ССНМ и ЗНМ за попречување на работата на новинарска екипа од Телма

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) најостро го осудуваат некоректното однесување кон медиумите на државните службеници кои на најбескрупулозен начин ја прекинаа работата на ТВ екипата на Телма при нејзиното известување од важен настан. Припадници на МВР по наводна наредба на одговорните во Министерството за правда денеска упорно и вулгарно го …

Continue Reading

На граничните премини „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу половина час

– На граничните премини Богородица и Табановце за излез од државата се чека околу 30 минути, соопшти Авто мото сојузот на Македонија. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

Continue Reading

Изгаснат пожарот кај велешкото село Црквино

– Попладнево во 15:15 часот е изгаснат пожарот кај велешкото село Црквино. Во пожарот изгореа 10 хектари сува трева и смрека, информира за МИА, Кристина Хаџиева од Центарот  за управување со кризи од Велес. Таа појасни дека пожарот избувнал на локација над гробиштата над селото, но немало опасност по куќите. Во неговото гаснење биле вклучени 15 пожарникари и три противпожарни …

Continue Reading

Шведскиот премиер е „многу загрижен“ поради палењето на Куранот

– Шведскиот премиер Улф Кристерсон денеска изјави дека е „многу загрижен“ поради палењето на Куранот во скандинавската земја. За следната недела се најавени низа протести кои би можеле да доведат до палење на Куранот, изјави политичарот на Умерената партија на прес-конференција во Стокхолм, пренесе ДПА. Кристерсон рече дека сега е на полицијата да одлучи дали ќе се дозволи протестите да …

Continue Reading