Порошенко: Канцеларијата на Зеленски ми кажа да го поддржам законот ако не сакам да се соочам со санкции

Поранешниот украински претседател и актуелен пратеник Петро Порошенко ја обвини канцеларијата на Володимир Зеленски за уцена. „Ми беше кажано дека ако мојата парламентарна група гласа за нацрт-законот за нуклеарната централа „Хмелницки“, нема да имам проблеми со санкциите“, рече Порошенко во интервју за „Украинска правда“. Да потсетиме, Зеленски на 13 февруари ја одобри одлуката на Советот за национална безбедност и одбрана …

Continue Reading

Трамп: Да бев претседател кога изби војната, ќе се погрижев Украина да добие се што сака

Доналд Трамп зборуваше од Мар-а-Лаго, Флорида, за денешната средба во Саудиска Арабија меѓу САД и Русија. Тој рече дека е посигурен во мировниот договор по разговорите на кои присуствуваше и американскиот државен секретар Марко Рубио. Американскиот претседател, исто така, рече дека нема да се спротивстави на стационирање на европски мировни сили во Украина како дел од мировниот договор со Русија. …

Continue Reading

Трамп: Зеленски треба да одржи избори како цена на мирот

Доналд Трамп предложи Володимир Зеленски да одржи избори во Украина како цена на мирот. Американскиот претседател, говорејќи од Флорида, рече дека е многу посигурен по денешните разговори меѓу Трамп и руските претставници во Саудиска Арабија. Тој ги повтори сугестиите Зеленски да одржи избори во Украина како услов за мир, што предизвика загриженост дека Москва би можела да ги искористи изборите …

Continue Reading

Прекинато водоснабдување во делови од Скопје

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска ( среда ) без вода ќе останат следните корисници: · поради изведување на приклучок од Ф-100мм на ул.20 бр.6 во с.Трубарево, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од с.Трубарево, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до санирање на дефектот. ( општина Гази Баба) · поради уличен дефект Ф-400мм на булевар 8ми-Септември во …

Continue Reading

Утрото променливо облачно и студено, преку денот сончево

Времето денеска, утрото променливо облачно и студено, а преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, наместа долж Повардарието со брзина над 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 0 до 8 степени. Во Скопје утрото претежно облачно, во текот …

Continue Reading

Кина предлага четири точки за мирoт во Украина

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји претходно денеска изјави дека Пекинг ги поддржува сите напори што водат до мировни преговори во Украина. Ванг се обрати пред Советот за безбедност на ОН откако руските и американските претставници се сретнаа во Саудиска Арабија и се согласија да продолжат со напорите за ставање крај на војната во Украина. „Пекинг ќе продолжи да …

Continue Reading

Членови на Европскиот парламент: Европа повеќе не може да зависи од САД

Лидерите на четирите политички групи кои го претставуваат мнозинството избрани членови на Европскиот парламент (ЕП) повикаа денеска да се „удвојат напорите“ во одбраната на Украина и европската безбедност. „Европа повеќе не може да зависи само од САД во одбрана на своите вредности и заеднички интереси“, се вели во ретката заедничка изјава на лидерите на десницата, левицата, еколозите и центарот, пренесуваат …

Continue Reading

Ѓоковиќ надвор од ритам во Доха, Беретини веднаш го елиминира

Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ е елиминиран на стартот од турнирот во Доха. Ѓоковиќ успеа да се опорави од повредата на бутниот мускул поради која се предаде на полуфиналниот меч на Австралија опен, но во Катар беше далеку под вообичаеното ниво. Тоа го искористи Италијанецот Матео Беретини кој победи со 2:0, во сетови 7:6 (4), 6:2. Натпреварот траеше …

Continue Reading

Низа силни земјотреси на Санторини во текот на денот

Земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала вечерва ги погоди Пелопонез, поточно Патра и пристаништето Килини. Засега нема информации за евентуална материјална штета, но населението е вознемирено, многумина излегоа на улица. Земјотресот беше почувствуван и на Закинтос и Кефалонија, кои исто така беа погодени од силно невреме во последните денови. Многу куќи и продавници беа поплавени, поројот носеше …

Continue Reading