Почитувани граѓани,
Градоначалникот на општина Струмица, Петар Јанков, ве поканува на информативен настан „Поддршка за домаќинства – Грантови за зелена енергија“, посветен на можностите за финансиска поддршка преку Фондот за зелено финансирање и УНДП.
Настанот е наменет за сите граѓани кои сакаат да добијат информации за грантови за клима-инвертери, топлотни пумпи и енергетски ефикасни фасади.
Информативниот настан ќе се одржи на ден 17.12.2025 година (среда) во 13 часот во салата на Советот на општина Струмица во Дом на АРМ.
The post Информативен настан за поддршка на домаќинства – Грантови за зелена енергија appeared first on Општина Струмица.