Градоначалникот Кирил Пецаков на пригодна свеченост која се одржа денеска пред споменикот на Свети Климент Охридски на градскиот плоштад ги врачи наградите на учениците кои се автори на најдобрите литературни творби на литературниот конкурс посветен на патронот.
Награди им беа доделени на :
- Софија Стојаноска, ученик во четврто одделение во ООУ „Христо Узунов“, добитник на првата награда во прва категорија (за ученици од одделенска настава од прво до петто одделение)
Творба „Свети Климент Охридски“
- Ана Спасеска, ученичка во седмо одделение во ООУ „Климент Охридски “-добитник на првата награда во втора категорија (за ученици од предметна настава од шестто до деветто одделение)
Творба: „Светиклиментовиот град“
- Иво Георгиески, ученик во трета година во ОСУ „Свети Климент Охридски“ – добитник на првата награда во трета категорија, за ученици од прва до четврта година)
[See image gallery at ohrid.gov.mk]
The post ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ ОД ЛИТЕРАТУРНИОТ КОНКУРС ПОСВЕТЕН НА СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ first appeared on Ohrid.gov.mk.