Преговорите со САД за мировниот план за прекин на конфликтот со Русија ќе почнат наскоро, вели Зеленски


zelenski45.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на преговорите со Соединетите Американски Држави за мировниот план за прекин на конфликтот со Русија, кои, како што наведе, наскоро ќе започнат, земјата ќе ја претставуваат началникот на Генералштабот на вооружените сили на Украина, Андреј Гнатов и секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана Рустем Умеров.


Во синоќешното видео обраќање, Зеленски рече дека претставници на Министерството за надворешни работи и украинската разузнавачка служба ќе бидат меѓу членовите на украинската делегација, пренесува „Униан“.

Тој додаде дека во моментов се во тек подготовки за состанок со американската страна.

„Преговорите наскоро ќе започнат, а наши претставници ќе бидат таму – началникот на Генералштабот, претставници на Министерството за надворешни работи, секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана и нашата разузнавачка служба. Состаноци со американската страна ќе се одржат во блиска иднина“, нагласи Зеленски.

Украинската делегација досега ја предводеше Андриј Јермак, кој вчера поднесе оставка од функцијата шеф на претседателскиот кабинет.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK