Водата во населените места Костурино, Рич, Белотино, Попчево и Раборци е исправна за пиење


bb841dbe-90d4-4998-8424-b382263ab88b.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Струмица ги известува граѓаните од населените места Костурино, Рич, Белотино, Попчево и Раборци, дека водата за пиење е во исправна состојба.

Ова известување е врз основа на доставените анализи на вода изготвени од ЈЗУ Центар за јавно здравје Струмица.


Во овие населени места се земени мостри од водоводната мрежа од следните мерните места: во селото Рич од чешмата во центарот, во Раборци од чешмата во центарот, во Белотино од чешмата во црквата, во Попчево од чешмата во училиштето и во Костурино од чешма во куќа до патот на селото.

Врз основа на микробиолошкиот и физичко – хемиски лабораториски наод, согласно Правилникот за безбедност на водата, испитаните примероци на вода одговараат на законските и стручни прописи. Во водата нема присуство на микроорганизми, физички и хемиски супстанци штетни по здравјето на човекот.

 

The post Водата во населените места Костурино, Рич, Белотино, Попчево и Раборци е исправна за пиење appeared first on Општина Струмица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK