Жито Лукс со нов производ: 100% ЦЕЛО ЗРНО СО ЧИЈА И КИНОА


zito luks
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Жито Лукс ја проширува својата категорија на нутритивни лебови 100% цело зрно со нов производ. Новата екстензија 100% цело зрно е збогатена со чија и киноа.

Овие лебови се направени од целосно интегрално брашно кое се добива со мелење на целото зрно пченица. Интегралното брашно ги содржи сите делови од зрното: обвивка, срцевина и никулец поради што е богато со хранливи влакна, минерали, витамини, јаглехидрати, протеини и незаситени масни киселини. Имајќи ја оваа моќна основа во својот состав, лебовите од 100% цело зрно одлично одат во прилог на здравите навики на консументите.


Новиот производ содржи супер семиња од чија и киноа. Чијата содржи Омега-3 масни киселини, растителни влакна и протеини кои даваат долготрајна енергија, додека киноата содржи сложени јаглехидрати и протеини кои се поддршка на мусклулите и мозокот.

Од компанијата истакнуваат: „Со категоријата 100% цело зрно и со новите вкусови постојано се стремиме да им понудиме на потрошувачите производи кои комбинираат хранливи состојки, нутритивна вредност и одличен вкус. Новиот леб со чија и киноа е создаден како одговор на растечката потреба од здрава и балансирана храна која ги следи современите навики на исхрана.“

Новиот леб 100% цело зрно со чија и киноа е достапен во пакување од 500 грама и претставува уште еден чекор на Жито Лукс кон поттикнување здрави навики и понуда на хранливи и секојдневно достапни производи за целото семејство.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK