Беким Сали ќе го наследи Изет Меџити како прв вицепремиер


Screenshot-2025-08-05-141930.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Портпаролот на коалицијата ВРЕДИ, Дритон Сулејмани, денеска потврди дека Беким Сали ќе биде новиот прв вицепремиер, на местото на  Изет Меџити кој стана градоначалник на Општина Чаир.


За нов министер за животна средина и просторно планирање, на местото на Меџити, сè уште се одлучува.

Сулејмани истакна дека ВРЕДИ ќе продолжи да функционира како единствен политички субјект, без поделби по партии, како и досега.

Во осврт на изборните резултати, тој оцени дека локалните избори ја потврдиле новата политичка реалност во земјата и дека ВРЕДИ станува втора политичка сила на државно ниво, со доминација во албанскиот политички блок.

Како примери на успех, Сулејмани ги посочи победите на Билал Касами во Тетово, Фети Абази во Боговиње и Даут Мемиши во Теарце, а резултатот во Чаир го нарече јасна порака од граѓаните против старите политики.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK