Специјалниот пратеник на Кремљ: Сведоци сме на титански обиди за поткопување на нашиот дијалог со САД


moskva-4-kremlj-logo.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Русија денес ги осуди обидите за поткопување на нејзиниот конструктивен дијалог со САД, насочен кон наоѓање решение за украинскиот конфликт, неколку дена откако планираната средба меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп беше одложена на неодредено време.


„Сведоци сме на титански обиди за поткопување на каков било дијалог меѓу Русија и САД“, рече Кирил Дмитриев, економскиот претставник на Кремљ во видео порака, кој пристигна во Вашингтон завчера. Таму учествува на состаноци и разговори со претставници на администрацијата на Трамп.

„Подготвени сме за конструктивен дијалог и јасна комуникација на руската позиција по неколку прашања“, нагласи Дмитриев.

„Русија сака мирно решение“, рече тој, додавајќи дека почитувањето на руските интереси и искоренувањето на коренските причини за украинската криза треба да послужат како основа за праведни решенија.

Мировните преговори меѓу Москва и Киев се во застој, и покрај посредничките напори на американскиот претседател Доналд Трамп, кој, по враќањето во Белата куќа во јануари, вети брз крај на конфликтот во Украина.

Пред пет дена, Трамп на неодредено време ја одложи претходно најавената средба со Владимир Путин во Будимпешта, велејќи дека не сака залуден состанок, а следниот ден САД воведоа нови санкции кон Москва.

Сепак, завчера, вчера и денес, Кирил Дмитриев  се сретна со претставници на администрацијата на Трамп, како и, според неговите зборови, со претставници на американската заедница кои сакаат позитивен дијалог со Русија“, вклучувајќи ја и републиканската конгресменка Ана Паулина Луна од Флорида.

„Како силен глас за дијалог и мир, г-ѓа Луна ќе организира состанок на американски и руски пратеници за да се поттикне парламентарниот дијалог“, напиша Дмитриев на X по средбата со американската конгресменка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK