Шабан Салиу: Децата во Шуто Оризари заслужуваат современо и модерно основно училиште


saliu-3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кандидатот за градоначалник од Демократските сили на Ромите (ДСР), Шабан Салиу најавува силен фокус на образованието, културата и идентитетот на ромската заедница, со порака дека „Шуто Оризари е приказна што ја пишуваме заедно“.


„Тоа е ромскиот идентитет, тоа е ромската музика, тоа е смеата на децата што трчаат по нашите маала. А нашите деца заслужуваат многу повеќе,“ порачува Салиу, нагласувајќи дека достоинството на заедницата започнува со квалитетни услови за учење.

Салиу зборува и за својата образовна визија како градоначалник на оваа скопска општина.

„Заслужуваат современо и модерно основно училиште — модерни училници, дигитална опрема и услови за квалитетно образование на секое дете. Заслужуваат специјализирани простории за музичка, ликовна и техничка настава. Време е сонот да стане јаве, да стане наше секојдневие — генерација по генерација,“ порачува Салиу.

Повикувајќи на заедничка одговорност и работа, Салиу истакна: „Драги мои, да покажеме дека Шуто Оризари не моли — Шуто Оризари работи. Тоа е мојата задача. Тоа е нашата победа.“

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK