Пејачката и глумица Селена Гомез неодамна се венча. Таа му рече „да“ на својот партнер и музички продуцент Бени Бланко, а самата свадбена церемонија беше како бајка.
Иако официјалната церемонија е долгоочекувана приказна, се чини дека пејачката не може да го заборави тој посебен ден.
View this post on Instagram
Сега таа објави серија интимни фотографии на Инстаграм пред самата свадба за дополнително да ја разбуди имагинацијата на своите обожаватели.
„Од пишувањето на моите завети до заминувањето од свадбата порано од повеќето…“, напиша Гомез.
Таа покажа момент на тишина додека седи во розов сатенски фустан и ги пишува своите љубовни завети.
View this post on Instagram
Насмевката на нејзиното лице беше многу забележлива, а коментари како: „Прекрасна си“, „Го обожавам твојот стил“, „Сјаеш“ беа забележливи под серијата фотографии.
фото: принтскрин