Автообил удри во пешак во Битола, со тешки повреди пренесен во болница


policija-mvr.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 21:05 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул.„Филип Втори Македонски“ во Битола, патничко возило „бмв“ со битолски регистарски ознаки, управувано од П.Л.(26) од Битола, удрило во 21-годишната П.Т.М. од Гевгелија, со престој во Битола.


Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила П.Т.М., констатирани во Клиничката болница Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK