Нов пристап и подобрена инфраструктура: Завршена изградбата на улицата „Новопланирана сервисна 2“ во Блок 5- „Касарна“


552643878_796909389393759_255311093369726294_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Урбан блок 5- „Касарна“ во Гевгелија е комплетирана изградбата и асфалтирањето на влезната улица „Новопланирана сервисна 2“. Со реализацијата на овој проект, Општина Гевгелија успешно исполни уште едно од приоритетните барања на жителите во овој дел од градот. Увид во реализираниот проект направи градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов.

Новата улица значително го олеснува пристапот до домовите, создавајќи побезбедна и поорганизирана сообраќајна врска. Оваа инвестиција, покрај функционалниот аспект, придонесува и за визуелно освежување на просторот, внесувајќи ред и динамика во целокупниот урбан амбиент.


– Гледајќи ја улицата на дело, драго ми е што јасно се гледаат вистинските вредности на ваквите проекти, кои значат многу за секојдневниот живот на нашите сограѓани. Овој дел од градот стана препознатлив по младите семејства кои живеат тука, по децата што си играат на новите игралишта и по сите што ја користат атлетската патека за рекреација. Минатата година, во овој дел беше изградена нова фекална и водоводна мрежа, а по завршување на градежните активности за изградба и на преостанатите краци, овој урбан блок ќе добие целосна и комплетна патна мрежа. Со постојани вложувања и посветеност, градиме општина која расте и се развива- истакна градоначалникот Сарамандов.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK