Со големо задоволство најавуваме дека Здружението „Вина од Македонија“, на 4-ти октомври, во
Музејот на современата уметност во Скопје, ќе биде домаќин на 7-мото издание на Vranec World
Day, Светскиот ден на вранецот. Оваа година винскиот салон се одржува под мотото: „Каде што
виното се среќава со уметноста“, и гордо ја слави винската сорта Вранец, претставувајќи го Балканот
пред светот како вински регион во подем.
Овој уникатен настан ги обединува најреномираните винари, јавни личности, љубители на вино и
гастрономи од целиот регион. Присутните ќе можат да уживаат во дегустации на врвни вина,
културна програма, музика и дружење со водечките имиња од винскиот свет.
Пред одбележувањето на Светскиот ден на Вранецот, „Вина од Македонија“ ќе организира Научна
конференција за Вранец, која ќе се одржи на 3 октомври во соработка со Земјоделскиот институт –
Скопје. Конференцијата претставува единствена платформа што ги спојува науката, виното и
уметноста, а на неа врвни научници и истражувачи од Северна Македонија и регионот ќе ги
презентираат најновите сознанија и истражувања за автохтоната сорта Вранец.
Vranec World Day е многу повеќе од вински настан – тоа е прослава на културното наследство и
потенцијалот на нашиот регион. Секоја година, Вранецот ја поставува Македонија на светската
винска мапа како амбасадор на квалитет и автентичност. Вранецот со својата моќна арома и уникатен
карактер ја носи приказната за нашите вина низ целиот свет.
Здружение на производители и извозници на вино и други пијалоци произведени од грозје “Вина од Македонија”
Адреса: Димче Белевски бр. 2
1000 Скопје, Република Македонија
Tel: +389 72 567 880
[email protected]
www.winesofmacedonia.mk
Билетите за винскиот салон се веќе во продажба по симболична цена. Oбезбедете го вашето место
преку официјалната веб-страница: www.vranecworldday.com и бидете дел од вечер која го слави
спојот на виното и уметноста.
Детали за настанот:
• Датум: 4 октомври 2025
• Локација: Музеј на современата уметност, Скопје
• Време: 18:00 часот