А1 Македонија во срцето на фестивалската магија во Битола


a1_manaki_567567
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Црвен тепих, WiFi free zones и средби со филмските визионери. Технологијата и уметноста заедно на „Браќа Манаки“

– Во пресрет на официјалното отворање на 46. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, А1 Македонија, како генерален спонзор, активно ја живее магијата на подготовките и атмосферата што го преплавува градот под Пелистер. Под мотото „Сон на платно“, фестивалот оваа година носи силна порака и за спојот меѓу уметноста и технологијата вредности што и самата А1 ги негува и поттикнува.


Во деновите што водат кон фестивалската недела (20–26 септември), тимот на А1 е присутен на лице место, придонесувајќи за организацијата и искуството на посетителите. Како дел од фестивалските активности, А1 ќе биде присутна на црвениот тепих, ќе воспостави WiFi free zones на неколку локации низ Битола, и ќе понуди дигитални искуства за публиката, со цел фестивалот да биде уште подостапен и поврзан.

„Секоја година  како публика со нетрпение го очекуваме фестивалот “Браќа Манаки”, но оваа година како генерален спонзор, не само поради неговото културно значење, туку и поради можноста да бидеме дел од нешто што навистина инспирира. Фестивалот е платформа каде што уметноста и технологијата се среќаваат токму онаму каде што и А1 се позиционира. Преку нашата поддршка, сакаме да дадеме свој придонес кон развојот на креативните индустрии, но и да ја приближиме дигиталната трансформација до пошироката заедница“, изјави  Бранкица Толевска, раководител на Оддел за бизнис трансформација, корпоративна стратегија и корпоративни комуникации во А1 Македонија.

Со присуството на фестивалот, А1 уште еднаш го нагласува своето залагање за поддршка на културниот и општествениот развој, и поттикнување на дијалогот меѓу уметноста и технологијата кои токму преку вакви платформи, стануваат едно.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK