Замислете го денот како почнува во неделно утро. Сонцето силно влегува во дневната соба, а вие со шолја кафе во рака го вклучувате телевизорот. На неговиот 83-инчен екран, светлината не е пречка – туку само уште една позадина за да се покаже неговата моќ. Зборуваме на моделот 83″ OLED S95F 4K Samsung Vision AI Smart TV, кај кој благодарение на Glare Free технологијата, рефлексиите исчезнуваат, а боите и контрастот остануваат совршено чисти. Вашата омилена серија на Netflix изгледа исто толку кинематографски под сончева светлина, како и кога ја гледате во мрак.
Доаѓа време за попладневна забава – филм што го одложувавте со недели. Со технологијата OLED HDR Pro секој кадар изгледа како да е снимен специјално за вас: сенките се длабоки, светлата блескаат со живост, а секој детал е изострен благодарение на паметниот NQ4 AI Gen3 процесор, кој ја претвора секоја слика во нешто повеќе од само пиксели – во емоција.

И потоа – доаѓа ред на вистинското уживање: игрите. Со едно притискање на копче, се активира функцијата Game Mode. Motion Xcelerator, AMD FreeSync и NVIDIA G-Sync напредните технологии ви овозможуваат ултра мазно играње без кинење и мала латенција со одзив во реално време за импресивно искуство. Со брзина од 165Hz и VRR влегувате во светот на акцијата без никаков застој. Game Bar 5.0 ви е како команден центар, што ви дава контрола и преглед на сè – без да ја прекинете играта. Чувството е толку динамично што времето застанува, а вие сте целосно впиени во авантурата.
Кога ќе падне вечерта и се собираат пријателите, телевизорот повторно ја менува улогата – овој пат во домашно кино. Со Dolby Atmos и Object Tracking Sound+, звукот не само што го слушате, туку и го чувствувате како да ве обвива од сите страни. Фудбалскиот натпревар станува стадион во вашиот дом, а концертот – прв ред на бината.

Впрочем, токму поради сите овие извонредни карактеристики S95F 4K Samsung Vision AI Smart TV понесе бројни награди годинава. Реномирана платформа T3 Smart Living го прогласи за најдобар телевизор, адресирајќи го како „телевизор кој го испорачува најдоброто и за домашното кино и во гејминот.“
Но, тоа не е се што вашиот нов OLED Smart AI TV може да биде во вашиот дом. Благодарение на SmartThings и на вградениот Smart Hub можете да го поврзете со останатите паметни уреди во вашето домаќинство и тој да биде центар од каде што ќе ги управувате, мониторирате и добивате нотификации.

А за безбедноста на вашите лозинки и податоци кои се внесени со вашиот профил не треба да се грижите воопшто, бидејќи Samsung Knox ги чува заштитени, ги следи поврзаните IoT уреди и автоматски блокира можни злонамерни активности.
Сè ова не е само технологија – тоа е секојдневие што изгледа и звучи поинаку. Со него, денот не е обична рутина. Тој е приказна во која светлината, боите, игрите и филмовите живеат со вас. А секој миг, од утринско кафе до полноќното кино, е чисто уживање.
Специјални промоции за љубителите на водечките ТВ!
Сега е вистинскиот момент да го надградите вашиот дом со домашно кино. При купување на селектирани Samsung телевизори од 65 инчи или повеќе, ве очекуваат извонредни подароци што ќе ви го збогатат секојдневието. Изберете го вашиот омилен модел и добијте Galaxy Tab S10 FE или Galaxy Tab A9+ – совршени придружници за работа, учење или забава во движење.
Не ја пропуштајте оваа уникатна промотивна понуда да уживате во спектакуларно голема слика дома и добиете премиум Samsung таблет како подарок! Побрзајте, промоцијата трае ограничено време до 30.09.2025.
Како бонус промоција, можете да добиете и дополнителни 3 години гаранција на вашиот нов ТВ уред, со што гаранцијата која ви следува е 5 години (2 години редовна + 3 години дополнителна гаранција).