Израелска армија: Подготвени сме да ја започнеме офанзивата врз Газа


13089670.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израелската армија спроведува подготвителни операции во предградијата на градот Газа, објави денес портпаролот на Израелските одбранбени сили (ИДФ) Авичај Адрае, сигнализирајќи дека Израел е подготвен да започне офанзива насочена кон освојување на тој град на север од палестинската енклава.


„ИДФ работи многу интензивно во предградијата на Газа“, рече Адрае. Израел планира целосно да го окупира градот, иако претходно објави дека ќе премести речиси милион луѓе од него на југ од Појасот Газа.

„Ќе ги интензивираме нападите“, додаде портпаролот, нагласувајќи дека целта на операцијата е да се ослободат сите заложници и да се елиминира палестинската милитантна група Хамас.

Жителите потврдија за агенцијата ДПА дека армијата денес ги интензивирала нападите врз Газа. Најмалку 48 лица беа убиени, вклучувајќи 20 во северна Газа, соопштија медицински извори.

Фото: ЕПА

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK