Борче Стаменов од „Донирај компјутер“ и доц. д-р Ирфан Ахмети добитници на државната награда „Мајка Тереза“ за 2025 година


490261664_10237077661944011_3943682548838059782_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Борче Стаменов и доц. д-р Ирфан Ахмети добитници на државната награда „Мајка Тереза“ за 2025 година, соопшти Министерството за култура и туризам.


Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“ одлучи наградата за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери, во 2025 година да им се додели на: Борче Стаменов од „Донирај компјутери“ и на доц. д-р Ирфан Ахмети од Универзитетската клиника за ендокринологија.

Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 26.8.2025 година во 11 часот (вторник) во Собранието на Република Северна Македонија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK