Видео од турист кој решил да го помине одморот во природа кружи на социјалните мрежи. Поради оваа причина, тој поставил шатор, и следело морничаво изненадување.
Имено, штом го отворил шаторот, видел огромна мечка пред себе, само на еден метар оддалеченост.
Како што може да се забележи на видеото, човекот успеал да ја задржи смиреноста и да ја вклучи камерата, која го снимила љубопитниот див ѕвер.
За среќа, мечката не била премногу заинтересирана за гостинот, па по некое време се оддалечила и исчезнала во шумата.