Инвестирање во нови услови за спорт и рекреација во СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија


514255309_753010667116965_3494986444643373828_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во рамки на заложбите на Општина Гевгелија за унапредување на спортската инфраструктура, во тек е реконструкцијата на спортскиот терен во Средното општинско училиште „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија. Целта е создавање квалитетен и безбеден простор за спортување на учениците, како и поттикнување на здрави животни навики меѓу младите.

Со реконструкцијата се опфаќа изградба на нова атлетска патека, поставување тартан подлога на фудбалското и кошаркарското игралиште и замена на постојните кошеви со нови и современи. Овие зафати значително ќе го подобрат квалитетот на теренот и ќе придонесат за зголемена безбедност и удобност при користење. По завршувањето на работите, спортскиот терен ќе биде во целост подготвен за редовна употреба- како за наставни, така и за воннаставни спортски активности.


– Општина Гевгелија активно работи на подобрување на условите за спорт и рекреација на младите. Локалната самоуправа продолжува со инвестиции во спортската и рекреативната инфраструктура низ сите населени места, со фокус на младата популација и здравиот начин на живот- истакна градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK