Целосно саниран и модернизиран спортскиот терен- игралиштето „Елена Костадинова“


518410379_749382687479763_5541918529666052506_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Заврши реконструкцијата на спортското игралиште „Елена Костадинова“ во населбата „Серменинско Маало“- Гевгелија.

Во рамки на изведените активности, извршена е целосна санација и модернизација на теренот- поставена е сертифицирана тартан подлога, заменето е целокупното заштитно оградување, а обновени се постоечките кошеви и голови. Со реализацијата на проектот, се обезбедени поквалитетни и побезбедни услови за спорт и рекреација.


– Овој обновен простор претставува модерен и функционален терен каде децата и младите можат активно да го поминуваат своето слободно време, дружејќи и спортувајќи заедно. Веруваме дека оваа инвестиција ќе поттикне уште поголем интерес кај младите за физичка активност и здрав начин на живот- истакна градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, апелирајќи го корисниците да го чуваат игралиштето затоа што е од општо добро на сите граѓани и овозможува подобри услови и поквалитетно секојдневие.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK