УЈП со повик: Платете го веднаш доспеаниот данок по ДЛД-ГДП и избегнете присилна наплата


07032017150827_web_ujp.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници кои во законскиот рок не ја платиле даночната обврска по ДЛД-ГДП 2024, да го исполнат својот даночен долг.


Согласно евиденцијата на УЈП, 3.155 даночни обврзници ја немаат подмирено разликата за доплата на данокот на личен доход утврдена во Годишната даночна пријава за данокот на личен доход ( „ДЛД-ГДП”) за 2024 година што требаше да се исполни во законскиот рок до 30 јуни.

„Во следниот период УЈП ќе премине кон опоменување и присилна наплата на доспеаните неплатени долгови по овој основ што ќе доведе до дополнителни трошоци по основ на камата за задоцнето плаќање од 0,03% дневно и еднократна посебна такса во постапка на присилна наплата“, информира УЈП.

Дополнителни информации се објавени на страната на УЈП, во делот Плаќање даноци на следниот линк http://www.ujp.gov.mk/mk/plakjanje.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK