Изградени и реконструирани повеќе улици и краци во Габрово


518395772_748483234236375_5862644332527997614_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во населеното место Габрово, изминатиов период, беа реализирани градежни активности за изградба и реконструкција на дел од уличната мрежа. По барање на жителите, изградени и реконструирани со бетонска подлога се повеќе улици и краци, со што значително се подобруваат условите за движење и пристап на жителите.

Со градежните зафати во патната инфраструктура на подрачјето на општина Гевгелија, локалната самоуправа продолжува со заложбите за подигнување на квалитетот на живеење на граѓаните.


– Во изминатите 4 години, беа изградени и реконструирани улици со асфалтна и бетонска подлога за подобрување на патната инфраструктура и во градот Гевгелија и во сите населени места во општина Гевгелија. Нашата цел е подобри услови за живот во сите населени места- истакна градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK