(Видео) Израелски туристи сакаа да се истоварат на грчки остров: мештаните го блокираа крузерот


Screenshot-2025-07-22-163753.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Група демонстранти го блокираа пристаништето во Егејското Море каде што требаше да се закотви израелски крузер.


Крузерот со неколку стотици туристи од Израел не можеше да се истовари на грчкиот остров Сирос. Тие беа спречени во тоа од околу 300 демонстранти кои го „окупираа“ пристаништето Ермуполис со палестински знамиња и транспаренти за поддршка, според медиумите во регионот.

Патниците според написите требало да поминат околу шест часа на островот.

„Стоп на геноцидот“, беше главниот транспарент во пристаништето, а собирот беше организиран од активистички групи и граѓани, жители на островот. Тие објавија на социјалните мрежи дека „креваат тупаници во солидарност со Палестинците во Газа“.

Првите патници кои се обиделе да се истоварат наводно биле полеани со вода. Кога ги виделе демонстрантите од бродот, многу патници кренале израелски знамиња и почнале да пеат, пишува jns.

„Неприфатливо е туристите од Израел да продолжат да бидат добредојдени тука додека Палестинците страдаат во Појасот“, рекоа тие, додавајќи дека „тие не се туристи, туку воени злосторници“, пишуват медиумите.

Фото: принтскрин

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK