ВМРО-ДПМНЕ: Кога СДС беше на власт, не успеа да го договори „Казанџи“, a сега не им одговара


vmro-dpmne-e1527406133140.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

СДС повторно лицемерно излегува на прес-конференции и им пречи што Казанџи Холдинг ќе вложи милијарда евра за енергетиката, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.


„Но, само пред неколку години, кога тие беа на власт со ДУИ, не успеаја да ја договорат оваа инвестиција, па сега им пречи.

СДС мора да се навикнат дека нивното време заедно со ДУИ заврши. А со тоа завршија и матните тендери, класифицираните договори, неколкукратните анекси на договори. Заврши времето кога СДС остави скандалозни и криминални договори, заврши времето на ликови како Васко Ковачевски кои ја уништија државата и ја упропастија енергетиката во секој поглед, каде што секој месец наредни 15 години ќе плаќаме по 300 илјади евра за фактури.

Сега, ВМРО-ДПМНЕ ги гради темелите на енергетиката. За развој на нови капацитети за производство на струја, изградба на дистрибутивна мрежа за природен гас, како и мерки за зголемување на сигурноста во снабдување со гас“, пишува во реакцијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK