Светската рекордерка во маратон привремено суспендирана поради допинг


rut-chepngetich-EPA.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кениската атлетичарка Рут Чепнгетич, светска рекордерка во женскиот маратон, е привремено суспендирана поради позитивен допинг тест, соопшти Единицата за интегритет во атлетиката (AIU).


Чепнгетич во март била позитивна на забранет диуретик и супстанца која се користи за прикривање на употреба на допинг.

AIU наведува дека спортистката доброволно прифатила привремена суспензија додека трае истрагата за случајот.

Кениската атлетичарка го постави светскиот рекорд во женскиот маратон во октомври минатата година на маратонот во Чикаго, со време од 2 часа, 9 минути и 56 секунди, подобрувајќи го претходниот рекорд за речиси две минути.

AIU не прецизираше кога ќе биде донесена конечната одлука во нејзината дисциплинска постапка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK