Вучиќ најави помилување за девојката што удри студентка со автомобил во Нов Белград


Screenshot-2025-07-17-071842.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера најави дека ќе ја аболира од понатамошното кривично гонење, 25-годишната девојка која со својот автомобил се залета во толпата што протестираше во Белград, во јануари.


Автомобилот управуван од 25-годишничката влета во толпата и ја носеше девојката на хауба неколку метри, која потоа падна на асфалтот. 25-годишната девојка е осомничена за обид за убиство во врска со овој инцидент.

Сепак, Вучиќ во телефонско интервју за телевизијата „Информер“ најави дека ќе ја помилува девојката доколку таа односно нејзиното семејство се согласат со тоа, пренесува Нова.рс.

„За мене е ужасно што како претседател кој до пред неколку недели не издаде ниту едно помилување за девет години, сега морам да ја исправам неправдата што ја нанесоа обвинителите и судовите. Ќе продолжам да го правам тоа бидејќи неправдата е толку очигледна што ќе морам да ги заштитам слабите, прогонуваните и жртвите на нивните секојдневни напади“, рече тој.

Тој оцени дека одредени носители на судски функции во Србија „ги воведоа неправдата и лошото постапување како највисоки принципи“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK