(Видео) Земјотрес со јачина од 7,3 степени ја погоди Алјаска, издадено предупредување за цунами


Screenshot-2025-07-17-063046.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Земјотрес со магнитуда од 7,3 степени по Рихтеровата скала го погоди брегот на Алјаска.


Геолошкиот завод на Соединетите Американски Држави (USGS) го регистрираше земјотресот во близина на Сенд Поинт на островот Попоф кратко по 12:30 часот по локално време (22:30 часот во македонско).

Националната океанска и атмосферска администрација (NOAA) издаде предупредување за цунами за брегот од најјужниот врв на копното на Алјаска кон Анкориџ.

Жителите во тие зони се повикуваат да се евакуираат во внатрешноста или на повисоки места или на горниот кат од повеќекатница, според Националната метеоролошка служба на САД.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK