Писториус: Германија нема да го отстапи својот систем за воздушна одбрана „Патриот“ на Украина, нема доволно од нив


pistorius-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Германија нема да може да ги пренесе своите системи за воздушна одбрана „Патриот“ на Украина бидејќи нема доволно од нив во германската армија, изјави денес германскиот министер за одбрана Борис Писториус. Во интервју за „Фајненшл тајмс“, тој изјави дека Берлин веќе префрлил три од своите 12 системи „Патриот“ на Киев.


„Во Германија сега имаме само шест од нив. Останатите два се во Полска, а барем еден не е секогаш достапен поради одржување или обука“, рече тој.

Тој истакна дека станува збор за мал број системи, особено кога ќе се земат предвид целите на НАТО за капацитети. Тој истакна дека за време на претстојната средба со американскиот министер за одбрана Пит Хесгет, ќе разговара за неговиот предлог Вашингтон да отстапи два од своите системи „Патриот“ на Киев, пренесува Танјуг.

Писториус, исто така, рече дека Германија нема да ги испорача своите ракети со долг дострел „Таурус“ на Украина, и покрај неодамнешниот бран руски воздушни напади и обновеното барање на Киев за ракетите. Писториус треба да се сретне со Хегсет денес во Вашингтон, а главната тема на разговорот треба да биде „патната карта“ за американската безбедносна поддршка на Европа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK