Ким Џонг Ун: Северна Кореја му дава целосна поддршка на Путин


kim-dzong-un-putin.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун се сретна со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во пристанишниот град Вонсан, каде уште еднаш ја потврди силната поддршка на Пјонгјанг за руската агресија врз Украина.


„Имаме исти ставови за сите стратешки прашања. Северна Кореја е подготвена безусловно да ги поддржи и охрабри сите мерки преземени од руското раководство во справувањето со коренот на украинската криза“, му рекол Ким на Лавров, пренесува ДПА повикувајќи се на државната новинска агенција КЦНА.

Состанокот следи по минатогодишното потпишување на Договор за сеопфатно стратешко партнерство меѓу Русија и Северна Кореја, потпишан за време на посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Пјонгјанг во 2024 година. Договорот предвидува воена помош во случај една од двете земји да биде нападната.

Според податоците од украинската разузнавачка служба, Северна Кореја веќе ја реализира својата поддршка преку испорака на оружје и војници на Москва. Наводно, околу 14.000 севернокорејски војници биле распоредени во западниот руски регион Курск, каде што учествуваат во операциите против украинските сили.

Со оваа поддршка, Пјонгјанг дополнително ја зацврстува својата улога како еден од ретките отворени сојузници на Русија во тековниот конфликт, кој започна со инвазијата на Украина во февруари 2022 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK