Ја присилил ќерка си да питачи во Дебар: уапсен маж од Скопско


39080111_294123008030878_431433631001477120_n-1-800x600.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Синоќа во 20.40 часот, во ОВР Дебар лишен од слобода е С.Р.(30) од скопската населба Шуто Оризари.


Тој се сомничи дека го сторил казненото дело  „Запуштање и малтретирање дете“ бидејќи ја присилил неговата малолетна ќерка да врши питачење на улицата „Елена Ѓика“ во Дебар каде биле затекнати од полициските службеници.

За настанот, известени се јавен обвинител и Центарот за социјални работи во Дебар и по целосно документирање, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK