Кинески воен брод со ласер таргетирал германски авион


Screenshot-2025-07-10-112306.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Германија го повика кинескиот амбасадор во Берлин на разговори откако беше објавено дека кинески воен брод таргетирал германски извидувачки авион со ласер во Црвеното Море.


Инцидентот се случил на почетокот на јули за време на рутински лет како дел од мисијата на Европската Унија наречена ASPIDES, а германските власти го опишаа како сериозно нарушување на безбедноста, објави Си-ен-ен.

Авионот на германските вооружени сили, опремен со повеќенаменска сензорска платформа (MSP) за извидување, бил на мисија за заштита на морските патишта кога кинескиот брод го таргетирал со ласер без претходна комуникација. Летот бил прекинат како мерка на претпазливост, а авионот безбедно слета во база во Џибути.

„Со користење на ласер, воениот брод ја загрозил безбедноста на персоналот и опремата“, изјави портпарол на Министерството за одбрана.

„Загрозувањето на германскиот персонал и нарушувањето на мисијата е целосно неприфатливо“, соопшти германското Министерство за надворешни работи, кое веднаш реагираше со повикување на кинескиот амбасадор. Кинеските власти сè уште не го коментираа инцидентот.

И покрај инцидентот, германскиот систем MSP е прераспореден и ја продолжува својата мисија. Германското Министерство за одбрана нагласува дека собраните податоци значително придонесуваат за безбедносната свест на сојузничките партнери во регионот.

Инциденти како овој, во кои е вклучена членка на НАТО, се многу ретки. Последниот познат случај се случил во 2020 година, кога кинески брод наводно таргетирал американски авион со ласер над западниот Пацифик.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK