Усвоена Стратегија за соработка на Владата со невладиниот сектор 2025-2028


vlada-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денес на владина седница беше усвоена Стратегијата на Владата за соработка и развој на граѓанското општество со Акциски план 2025–2028


Стратегијата 2025–2028 е фокусирана на две приоритетни области: создавање поволна средина за функционирање и развој на граѓанското општество, како и зајакнување на партнерството помеѓу граѓанските организации и јавните институции.

„Овој документ е резултат на заедничка посветеност и отворен дијалог – почнувајќи од јавниот повик во ноември 2024 година, заедничката работна група со граѓанските организации, консултациите преку платформата ЕНЕР, јавните расправи со поддршка од Центарот за ресурси за граѓански организации, па сè до интегрирањето на препораките и коментарите добиени од пошироката граѓанска заедница и институциите. Позитивната оценка дадена од Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество го потврдува квалитетот и посветеноста зад овој документ“, соопштија од Кабинетот на вицепремиерот задолжен за политики на добро владеење.

Од таму додаваат дека оваа стратегија не е само формален документ – таа е конкретна заложба за зајакнување на улогата на граѓанското општество во демократскиот живот на нашата земја.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK