📢 НОВА ДЕТСКА ГРАДИНКА ВО СТОПАНСКИ ДВОР – ИНВЕСТИЦИЈА ВО НАЈМЛАДИТЕ 👶🏽🏫
🏗️ Изградбата на новата детска градинка во населеното место Стопански Двор се одвива со засилено темпо, откако успешно беа надминати одредени пречки кои привремено го забавија текот на проектот.
👧🏼👦🏻 Објектот ќе биде модерен, функционален и наменет за згрижување и едукација на деца во предучилишна возраст.
🍼 На приземјето се предвидени две јаслени групи за приближно 30 деца на возраст од 0 до 2 години,🎨 додека на првиот кат ќе функционираат четири занимални за постарата група.
👫 Вкупниот капацитет на градинката ќе надмине 100 деца.
💛 Овој проект е дел од нашата континуирана заложба за:
✔️ Подобрување на условите за згрижување
✔️ Поддршка на родителите 👨👩👧👦
✔️ Квалитетна и безбедна средина за децата 🌱
📈 Со зголемување на капацитетите, активно работиме на:
🚫 целосно елиминирање на листите на чекање во градинките на територија на општина Ѓорче Петров.
🎯 Инвестирањето во вакви објекти претставува вложување во иднината – во нашите најмлади сограѓани.