Влен: ДУИ ја продаде еднаквоста за Соравија


mexiti-ahmeti-kichevo-makfax.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Влен реагира дека ДУИ ја загубила довербата на Албанците, откако две децении ја уништувала застапеноста на Албанците во државните институции, користејќи ја оваа тема за политичка трговија.


Според Влен, само за една година Владата направила историски чекор со законот за правична застапеност што ја регулира правичната и соодветна застапеност на Албанците во институциите, унапредувајќи ги на одговорни позиции, не со привилегии, туку со заслуги.

„ДУИ се спротивставува на овој закон затоа што повеќе не може да го користи како алатка за политичка трговија, тие ја продадоа еднаквоста за Соравија“, посочуваат од Влен.

Тие додаваат дека промената започнала и дека Албанците повеќе нема да бидат само фигури во администрацијата, туку вистински носители на одлуки, еднакви во законот и во животот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK