🚧 Општина Ѓорче Петров со зголемен фокус на сообраќајната безбедност!
Денес, заедно со началникот на СВР Скопје, г-дин Сашо Топаловски, беше извршен увид на неколку критични точки во сообраќајот на нашата територија.
👁🗨 На лице место беа утврдени конкретни проблеми кои претставуваат закана за безбедноста на учесниците во сообраќајот – со посебен акцент на заштитата на пешаците и децата во близина на училишта и фреквентни улици.
📌 Во соработка со Министерството за внатрешни работи, договорени се следните мерки:
• 📷 Инсталирање на надзорни камери на ризични локации, за евиденција и санкционирање на прекршоци како што се непочитување на семафори, пребрзо возење и опасно престигнување.
• 🛑 Поставување на успорувачи на брзина на делници каде што е утврдена реална потреба и каде што граѓаните поднеле барања.
🔒 Безбедноста е основно право на секој граѓанин.
Општина Ѓорче Петров ќе продолжи со реализација на мерки кои овозможуваат сигурна и безбедна урбана средина.
🔜 Следуваат дополнителни активности со цел унапредување на квалитетот на живот на сите жители.