(Видео) Несреќа на турнејата: Шакира падна среде настапот, обожавателите ја пофалија нејзината реакција


Screenshot-2025-05-27-112432.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На концерт во Монтреал, Шакира доживеа несреќа и падна на сцената за време на изведбата на нејзиниот познат хит „Whenever, Wherever“, но брзо се опорави и продолжи со настапот.


Колумбиската музичка ѕвезда моментално е на светската турнеја Las Mujeres Ya No Lloran, на која го промовира својот нов албум.

48-годишната пејачка во последните недели настапуваше низ САД и Канада, а токму во Канада се случи незгоден момент што можеше да резултира со повреда.

Шакира се лизна и падна додека пееше еден од своите најголеми хитови. Сè помина непречено – таа брзо стана, се истресе и продолжи како ништо да не се случило.

Нејзиниот професионализам предизвика бран пофалби на социјалните мрежи – многумина ја нарекоа „вистински шеф“. Некој, загрижен, напишал: „Се надевам дека не се повредила. Ваквите падови предизвикуваат болка и повреди следниот ден наутро.“

View this post on Instagram

A post shared by Shakira (@shakira)

Сепак, обожавателите немаа причина да се грижат – Шакира ја продолжи својата турнеја без никакви проблеми и одржа концерти во Детроит, Чикаго и Торонто.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK