Делегација на Општина Охрид денеска во село Ливоишта положи цвеќе пред спомен плочата посветена на Благојче Крстаноски, а по повод одбележување на годишнината од неговата смрт.
Професионалниот војник и граничар во АРМ, Благојче Крстаноски во 1999 година беше убиен кај Горно Блаце. Причините за неговата смрт до денес не се разјаснети.
Крстаноски е посмртно одликуван со медалот за храброста од претседателите Борис Трајковски и Ѓорге Иванов.
Во 2017 година во селото Ливоишта, беше откриена спомен плоча (спомен чешма) посветена за него.
The post ГОДИШНИНА ОД СМРТТА НА БЛАГОЈЧЕ КРСТАНОСКИ first appeared on Ohrid.gov.mk.