Во организација на Стопанската комора и Здружението на инженери за заштита „Тутела“, денес се одржа еднодневен стручeн семинар на тема „Несреќи при работа – законски обврски, осигурување, евиденција, пракса“.
Настанот беше наменет за претставници од различни сектори – менаџери, лица за безбедност и здравје при работа, стручни служби за човечки ресурси и работодавачи – со цел подетално запознавање со законската регулатива, процедурите и добрите практики поврзани со несреќите на работното место.
Како предавачи на семинарот учествуваа претставници од Државниот инспекторат за труд, осигурителни компании и експерти од областа на безбедноста при работа. Своја презентација имаше и Даниел Паришко, претставник на Минт Инс АД Скопје, кој се осврна на улогата на осигурувањето во управувањето со ризиците и заштитата на вработените во случаи на повреди на работа.
Преку практични примери и анализа на конкретни ситуации, учесниците имаа можност да разменат искуства и да се стекнат со применливи знаења за унапредување на работната средина и усогласување со регулативите.
ПР