Џорџа Мелони: Разговорот Трамп-Путин создаде надеж за ставање крај на војната во Украина


6-12.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави денеска дека разговорот меѓу претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, создал надеж за завршување на војната во Украина.


„Тоа е првиот зрак на надеж кој оди во насока на тоа што беше договорено меѓу администрацијата на Трамп и Зеленски во Џеда“, рече таа.

Мелони, исто така, го повтори повикот на НАТО да ја прошири заштитата, според член 5, на Украина без членството на таа земја во Алијансата, истакнувајќи дека тоа е единствениот „ефикасен“ план за заштита, пренесува италијанската новинска агенција АНСА.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK