Погребот на починатите во пожарот во Кочани ќе биде утре во Кочани, Штип, Облешево и Скопје


12904686.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Погребот на починатите во пожарот во Кочани ќе се одржи утре.


Погребните церемонии, според надлежните ќе бидат во 11 часот во Штип, во 12 часот во Кочани и во 13 часот во Облешево. Останатите погреби ќе се одржат исто така во текот на утрешниот ден во различни временски периоди.

„Погребот на настраданите во ужасниот пожар во Кочани ќе се оджи утре (четврток, 20.03.2025 година) во следниот период:

11.00 часот на градските гробошта во Штип:

12.00 часот на градските гробишта во Кочани:

13.00 часот на гробиштата во с. Облешево.

Останатите погреби ќе се одржат во различни временски периоди во текот на утрешниот ден.

Свештениците од локалните цркви ќе ги контактираат сите ужалени семјства со детали околу погребот“, соопшти ЦУК.

Од центарот ги замолуваат сите граѓани за достоинствено испраќање на жртвите и разумно постапување во текот на утрешниот тажен ден.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK