­

Кавадарчанец со „бмв“ дрифтал низ улиците, МВР му го одзеде возилото поради создавање бучава


driftanje.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полицијата запре „бмв“ управувано од Р.С. од Кавадарци и привремено го одзеде поради создавање на бучава.


Според информацијата на полицијата, возачот бил сопрен поради претходна објава на социјалната мрежа Инстаграм, на која се гледа дека го управува возилото со нагло зголемување на брзина, со што предизвикува пролизгување на погонските тркала и создавање бучава.

Во станица за технички преглед било извршено мерење на бучава и утврдено дека е над дозволената, велат од МВР.

Возилото е привремено одземено на период од 90 дена.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK